Среда со сонце и умерена облачност


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Времето во Македонија денеска, среда, 30. август, ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветар од југозападен правец. Во западните делови повремено ќе има зголемување на облачноста со услови за краткотраен слаб дожд. УВ индексот ќе биде 7.

Во Скопје сончево со умерена облачност, со слаб ветер од променлив правец и дневна температура до 31 Цезиусов степен. Маврово 19, Орид 26, Битола 29, Крива Паланка и Берово 27, Кавадарци 32, Дојран 33.

Утре времето ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Дневните температури ќе се движат од 20 до 33 степени.