Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Провалници кои упаднале во куќа во Порденоне, Италија, не биле баш среќни од тоа што (не) го нашле во живеалиштето, па оставиле порака до сопственикот на куќата.
„Жал ни е, немаме пари, а мораме да јадеме. Но, гледаме дека и вие немате ништо. Што да се прави, трпение…“, му напишале на лист и ја напушти куќата речиси со празни раце. Сепак, тие ја искористиле можноста да ги одземат кафематот и фритезата. Бидејќи во пораката имало повеќе граматички грешки, полицијата смета дека станува збор за лица кои не го зборуваат добро италијанскиот јазик или можеби на тој начин се обиделе да ги доведат во заблуда истражителите, пишуваат италијанските медиуми.
Полицијата во моментов трага по овие несреќни крадци.