Home Актуелно За неполни 24 часа: Собрани над 600 милиони евра за Нотр Дам

За неполни 24 часа: Собрани над 600 милиони евра за Нотр Дам

Донациите од претпријатијата и од француските милионери за реконструкција на Нотр Дам надминаа 600 милиони евра, јавува дописникот на МИА.

Различните донации на големите богати француски семејства и индустриски групи за финансирање на реконструкцијата на катедралата Нотр-Дам, уништена синоќа во голем пожар, попладнево надминаа 600 милиони евра.

Семејството на наследниците на Л’Ореал , Бетнакур-Мејер и глобалниот козметички гигант денеска најавија донација од 200 милиони евра, покрај 200 милиони од семејството Арно и групата ЛВМХ, како и 100 милиони ветени од Тотал Вкупно и од семејството Пино (Керинг).

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…