За него нема повеќе место на „Олд Трафорд“: Лукаку ги спакува куферите!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Со доаѓањето на Оле Гунер Солсјкер „црвените ѓаволи“ влегоа во фантастична серија, тимот фукционира одлично, но сепак има некои ѕвезди кои не се задоволни.

Имено, Солскјер во нападот игра со тројца брзи фудбалери и најчесто ги преферира Рашфорд, Лингард и Марсијал, па за Лукаку се помалку има простор за игра.

Раководството на „црвените ѓаволи“ исто така не е задоволно од она што го прикажува 25-годишниот напаѓач. Па се повеќе се зборува за негово заминување од клубот.

Иако со договор е врзан до 2022 година, Белгиецот е подготвен да си замине од клубот, а негова желба е трансфер во редовите на Јувентус.

„Старата дама“ наводно подготвува големи работи на лето, а еден од приоритетите ќе биде доведување на робусен напаѓач. Прва мета е Мауро Икарди, но доколку не успеат да стигнат до потписот на Аргентинецот, тогаш ќе се насочат кон Лукаку.

„Ако за време на летото го напушти Јунајтед, Лукаку најреално е дека ќе се пресели во Јувенту. Тоја е голем љубител на Кристијано Роналдо и би сакал да игра со него. Го загуби местото во Јунајтед, но мора да сочекаме и да видиме што ќе се случува. Ќе биде тоа возбудливо лето“, изјави извор близок до фубалерот за „Сан“.

Италијанските медиуми пренесуваат дека интерес за Лукаку покажува и милански Интер, кој во Белгиецот гледа идеална замена за Икарди, па голема е веројатноста да се пресели во Серија А.