Xiaomi Mi 10 пристигнува на 11 февруари со камера од 108 мегапиксели


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пристигнувањето на Xiaomi Mi 10 на пазарот, кое е закажано за 11 февруари, предизвикува голем интерес, што е нормално бидејќи очекувањата за неговите спецификации се големи. Неодамна се појавија фотографии од изгледот на еден од моделите од оваа серија, а претходно излегоа информации дека Mi 10 ќе има четири камери на грбот.

Сега, благодарение на рекламниот материјал, што беше објавен на кинеската социјална мрежа Веибо, пристигнуваат неколку интересни нови детали. Како прво, јасно е дека серијата премиерно ќе се претстави на 11 февруари, кога се очекува и Samsung да објави голем број нови уреди. Исто така, гледаме дел од дизајнот на еден од моделите.

На грбот има лента, што се протега по цела должина на телефонот, а главната камера е поставена во неа. Оваа одлика е очигледно позајмена од Mi Mix Alpha, која има сличен елемент на грбот. Покрај тоа, се очекува да биде достапен чипсет Snapdragon 865 5G, потврдувајќи ја достапноста на 5G конекција.

Во меѓувреме, според кинески извори, дури и стандардниот модел во серијата Mi 10 ќе има сензор од 108 мегапиксели во својата главна камера со 10х оптички зум и ќе вклучува и чипсет Snapdragon 865.