Home Наука и техонологија WhatsApp во битка со лажните вести

WhatsApp во битка со лажните вести

Тимот на моментално една од најпопуларните апликации за инстант-пораки меѓу корисниците, WhatsApp, ја тестира функцијата со која би можеле на едноставен начин да ги известат своите над 2 милијарди корисници дали некое тврдење/изјава и слично пренесено во пораките преку апликацијата кои ги добиле тие е точно или станува збор за лажна вест.

Во најновата бета-верзија на својата апликација „Андроид“ услугата во сопственост на Facebook им овозможува на корисниците набрзина да го провери текстот или видеото на интернет што го добиле.

WhatsApp веќе некое време ја тестира оваа опција, но портпаролот на компанијата изјави дека се планира оваа функција да се воведе во блиска иднина.

„Работиме на нови функции за да им помогнеме на корисниците да дознаат повеќе информации за пораките што ги добиваат. Оваа функција моментално се тестира и со нетрпение очекуваме да ја воведеме“ – изјави портпаролот.

Тестирањето на функцијата доаѓа во време кога WhatsApp и другите платформи за пораки се користат почесто од кога било бидејќи луѓето сакаат да останат во контакт со своите пријатели, семејства и колеги поради пандемијата на коронавирусот.

Како што беше и во минатото, неколку платформи, вклучувајќи ја и WhatsApp, се борат со ширењето на дезинформациите – овој пат за коронавирусот. Но, сега „Вацап“ презема итна акција. Минатиот месец почна да ги контактира владите за да помогнат во нивните напори да обезбедат точни информации за пошироката јавност.

Деновиве Индија објави вацап-бот за да им помогне на своите граѓани да бидат подобро информирани за коронавирусот. Истото го направи и Светската здравствена организација, објавувајќи вацап-бот за луѓето на глобално ниво со цел да ги разбијат митовите за коронавирусот и да одговорат на некои од најчесто поставуваните прашања во врска со вирусот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Туморот престанал да се развива кај сите вакцинирани пациенти – BioNTech претстави лек против рак

Германската компанија Biontech (BioNTech) во моментов ги зголемува надежите во борбата про…