Актуелно

24 новозаразени од коронавирус, вкупниот број се искачи на 201 лице – 3 излечени од вирусот

Според статистичките податоци кои ги изнесе на денешната пресконференција министерот за здравство Венко Филипче, во изминатите 24 часа регистрирани се нови 24 заразени лица со коронавирус, со што вкупната бројка е 201 заболен. Уште еден пациент е поврзан со Кожната клиника, информираше Филипче.

Прв случај е регистриран и во Тетово. Најмногу заболени последното деноноќие има во Скопје 15, во Куманово четири, Дебар два, Охрид Штип и Тетово по еден. Со последните бројќи во Македонија има вкупно 201 заразен со Ковид 1.

Испишан е еден пациент од Дебар, тој е на домашно лекување во добра општа состојба, со два негативни теста. Се подготвува и отпус на пациентка од Скопје која, исто така, има два негативни теста.

„Со ова во земјата досега има тројца излекувани пациенти и тројца починати“, рече Филипче.

Тој напомена дека мобилното тестирање ќе започне на почетокот на наредната недела, а со оглед на состојбата Куманово ќе биде еден од градовите каде поинтензивно ќе се тестира.

Во наредните ден-два ќе се тестираат и граѓаните кои се затекнаа во околината на Дебар и потоа ќе бидат пуштени во градовите каде што живеат.

Филипче информира дека добиен е одгoвор од норвешката влада за донацијaта на 25 респираторните системи кои треба да пристигнат на почетокот на април. Дополнително одговор најавуваат и од амбасадата на Кина.

„Една донација, која ја баравме пред неколку недели, најавија одговор во следните денови. Во текот на следната недела како донација треба да пристигнат и 500 илјади маски и 20 000 тестови за тестирање на вирусот“, рече Филипче.

Министерот за здравство имал состанок со амабасадорката на САД, Кејт Мари Брнс, на која како што рече, и се заблагодарил за осовременување на лабораторијата во Институтот за јавно здравје.

„Тоа е централна институција во која се вршат сите тестирања“, рече Филипче.

Според последната анализа на ИЈЗ 32 случаи се импортирани, односно увезени од други држави, а останатите се заразиле со меѓусебни контакти.

Advertisements
To Top