Home Актуелно Вучиќ: Интересите на светските сили ни го стеснуваат маневарскиот простор

Вучиќ: Интересите на светските сили ни го стеснуваат маневарскиот простор

Српскиот претседател Александар Вучиќ оцени дека различните интереси на глобалните сили и го стеснуваат маневарскиот простор на земјата.

Тој истакна дека нерешените проблеми во регионот претставуваат причина за загриженост.

Вучиќ во интервју за РТС изјави дека „не се решени многу проблеми на овој простор и секогаш се наоѓаме на крстосницата на големите сили“.

Во тој контекст српскиот претседател ги наведе косовскиот, босанскиот и хрватскиот проблем.

– Постојат многу работи кои треба да се решат и променат, со цел во иднина да ги дигнеме на повисоко ниво, изјави Вучиќ.

Според него, „не е лесно да се одржи стабилноста, но тоа е приоритет и основа за економски развој“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…