Home Актуелно Вторник повторно носи сонце

Вторник повторно носи сонце

Вторник ќе биде сончев ден низ целата земја. Само рано наутро ќе има мала облачност низ јужните делови од земјата. Ветерот ќе биде сосема слаб. Ведрата ноќ ќе биде причина за доста посвежото утро.

Температурата ќе има минимум низ котлините помеѓу 0 и 4 степени, а на повисоките места температурата ќе се спушти за 2 до 3 Целзиусови степени под нулата.

Имајте во предвид дека со летното сметање на времето, температурата ќе биде нешто пониска во оние околу 7 часот, затоа што часовниците ги поместивме поблиску кон терминот на изгрејсонце, кога е и најниска температурата.

Температурата преку ден ќе белжи пораст во однос на понеделник. Долж повардарието и котлините во југоисточниот крај очекуваат максималната температура ќе биде во границите помеѓу 17 и 20 степени, низ останатите котлини помеѓу 14 и 16 степени. Осоговијата, паланечкиот и малешевскиот крај очекуваат максимална температура до 12 степени.

Скопскиот крај ќе има сончево време.Утрото ќе биде свежо, со температура околу 1 степен. Температурата ќе има максимална вредност околу 17 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…