Home Актуелно Вторничка временска прогноза

Вторничка временска прогноза

Претпоследниот мајски ден во Македонија претпладне носи умерено облачно време, од пладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град.

Во Скопје претпладне со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Дневната температура во Скопје ќе достугне до 26 Целзиусови степени, Маврово 17, Охрид 21, Битола и Крива Паланка 23, Берово 21, Кавадарци 26, Дојран 27.

Утре времето ќе биде променливо облачно, од пладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер, поинтензивни електрични празнења и изолирана појава на град.

Во Скопје претпладне умерено облачно, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер. Ќе има услови за краткотрајно невреме. Дневните температури ќе се движат од 17 до 27 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…