Home Актуелно Вторничка временска прогноза

Вторничка временска прогноза

Денеска, вторник, 29. март,  времето во Македонија ќе биде променливо облачно со услови зa слаб локален дожд, претежно во планинските подрачја. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 10 до 20 Целзиусови степени.

Во Скопје променливо облачно. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне 18 степени. Маврово 10, Охрид, Крива Паланка и Берово 14, Битола 16, Квадарци 18, Дојран 20.

Во среда ќе се задржи суво, но претежно облачно. Од четврток ќе дува засилен јужен ветер и ќе има повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат обилни. Во петок и сабота во попладневните часови ќе биде нестабилно со поројни врнежи од дожд, грмежи и силен ветер.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…