Home Актуелно Вторничка временска прогноза

Вторничка временска прогноза

Денеска, вторник, втор ден од месец ноември, времето во Македонија ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните делови (над 20 л/м2) и проследени со засилен јужен ветер особено во Повардарието. Во попладневните часови врнежите постепено ќе престануваат. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 12 до Целзиусови 16 степени.

Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд и засилување на ветерот. Попладне врнежите ќе завршат. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 12 степени.

Во следните денови ќе преовладува стабилно време со појава на утринска магла и со умерен, на места засилен ветер претежно од јужен правец. Утринските температури ќе бидат позитивни, а дневните во значителен пораст.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…