Home Актуелно Вторничка временска прогноза

Вторничка временска прогноза

Денешниот октомвриски вторник, наутро времето во Македонија ќе биде свежо, а преку денот сончево со мала локална облачност во јужните делови и со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од еден до 10, а максималната од 20 до 26 Целзиусови степени.

Во Скопје, сончево со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до шест, а максималната ќе достигне до 24 степени.

Од среда следува период на претежно облачно време, преку денот значително посвежо, со врнежи од дожд со променлив интензитет. Врнежите ќе бидат пообилни во четврток, особено во западните и југозападните делови. Во среда и четврток ќе дува повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…