Home Актуелно Вторничка временска прогноза

Вторничка временска прогноза

Денеска, вторник, 25. мај, времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност.

Попладне во источните делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд со грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 27 до 33 Целзиусови степени.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со умерен, повремено и засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 33 степени. Маврово 25, Охрид 28, Битола 32, Крива Паланка 30, Берово 27, Кавадарци и Дојран 32.
Во среда попладне и во четврток ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Од среда ќе дува северен ветер, а температурата ќе биде во опаѓање.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…