Home Актуелно Вторничка временска прогноза

Вторничка временска прогноза

Вторник, 24 декември, во Македонија носи претежно облачно време и снег на повисоките места и планините. Ќе дува умерен, долж Повардарието и во источните делови засилен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус два до седум, а дневната од еден до 11 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со дожд. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Maксималната дневна температура во Скопје ќе биде 8 Целзиусови степени, Маврово 1, Охрид 8, Битола 7, Кавадарци 9, Крива Паланка и Берово 4, Дојран 11.

Следува период на променливо облачно и постудено време со локален дожд, а на повисоките места и на планините снег. Услови за слаб снег ќе има и во некои пониски места. Ќе дува умерен, повремено засилен северозападен ветер.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…