Руска работа: Крена со хеликоптер Mercedes Amg G63 и го фрли од високо (видео)


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Младиот руски „влогер“ Игор Мороз одлучи да го уништи својот Mercedes Amg G63, па реши тоа да го направи на необичен и „атрактивен“ начин.

Мороз најми хеликоптер кој го крена високо во воздух луксузното возило, па го пушти да падне на аеродромот Петрозаводск, прекриен со снег, фрлајќи го од 300 метри висина.

Мороз тврди дека бил незадоволен од возилото бидејќи истото морал често да го носи на поправка, каде понекогаш останувало и по еден месец. Исто така, продавачот одбил да му ја признае гаранцијата во одделни случаи, иако „ѕверот“ е платен вртоглави 270.000 долари во март, 2018 година.