Home Шоубизнис Втората сезона од Grand Tour почнува во…

Втората сезона од Grand Tour почнува во…

Џереми Кларксон, Ричард Хамонд и Џејмс Меј на малите екрани се враќаат во октомври, во рамки на втората сезона од Grand Tour.

Втората сезона од популарното автомобилистичко шоу почнува во октромври. Детали засега има многу малку, но се знае дека буџетот ќе биде еднакво голем како и за првата сезона. Тоа го откри Меј во интервју за BBC шоуто The One Show.

„Многу патувавме, во снимањето учествуваше бројна екипа. Направивме чекор напред, но вам не можам ништо да ви речам бидејќи вие сте непријатели, а сè друго е тајна“, рече шеговито Меј.

За што и како ќе станува збор веројатно нема да дознаеме до првата епизода во октомври, на Amazon Prime.

Кога станува збор за првата сезона, имаше и критики, посебно за „Американецот“ кој вози автомобили на стазите, а на многумина не им се допадна ни тоа што гостите во секоја емисија „умираат“ на бизарни начини. Познато е дека во емисијата не може да гостуваат славни личности, како и дека „Американецот“ беше целосна спротивност на Стиг од Top Gear, која ова трио претходно ја водеше на BBC. Причините за тоа се одредени одредби кои мораа да бидат испочитувани за да нема правни компликации со BBC.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …