Home Шоубизнис „Станува сè пожешко, нема иднина“: Бред Пит прогнозираше време на сметка на Трамп

„Станува сè пожешко, нема иднина“: Бред Пит прогнозираше време на сметка на Трамп

Откако американскиот претседател Доналд Трамп ги повлече САД од Парискиот договор за климатските промени, социјалните мрежи се преплавени со негативни коментари и шеги на негова сметка.

Актерот Бред Пит е првиот од славните фаци на шоубизнисот кој јавно го изремети Трамп за оваа негова претседателска одлука.

Во емисијата The Jim Jefferies Show се појави во улога на презентер на временска прогноза кој соопшти дека САД се повлекува од Парискиот договор и појасни кои се последиците кои може да се очекуваат после тоа.

Стоејќи пред картата на светот обоена во црвено во сите делови од земјата, и покажувајќи на некои делови од светот, Пит „прогнозираше“: „Ќе станува сè пожешко во овој регион овде и во овој овде“.

На прашање од загрижениот водител за иднината, Пит кратко одговори: „Нема иднина“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …