Home Актуелно Втора евродебата за

Втора евродебата за

Пратениците во Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) денеска ќе го имаат второто разгледување на предлог-резолуцијата за Република Македонија.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, европратениците во АФЕТ-групата договорија 28 компромисни амандмани на текстот на известувачот Иво Вајгл, како замена за 318-те амандмани поднесени на предлог резолуцијата за Република Македонија, во кои во речиси две третини  учествуваа грчките и бугарските европратеници.

Попладнево, европратениците во Комитетот за надворешни работи ќе дебатираат и ќе се обидат за последен пат да ги усогласат ставовите за македонската резолуција во Европскиот парламент, а утре ќе гласаат за неа во рамки на АФЕТ-групата. На 14-ти март во ЕП во Стразбур, целиот состав на Европарламентот ќе ја донесе резолуцијата на пленарна седница.

Инаку, резолуциите на Еворпарламентот за сите држави немаат правно дејство, туку се само советодавни и може, но не мора, да се земат предвид од другите ЕУ-институции и од земјите-членки на Европската унија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…