Home Актуелно Втор ден собраниска седница за предлогот за уставни промени

Втор ден собраниска седница за предлогот за уставни промени

Пленарната седница на Собранието на Македонија за уставните измени ќе продолжи денеска во 11 часот.

Власта и опозицијата со спротивставени ставови. Вчерашната дискусија за предлогот за пристапување кон измени на Уставот според Договорот од Преспа заврши без поголеми поместувања во определбите на пратениците за уставните промени за промена на името.

Премиерот Зоран Заев ги повика пратениците што се двоумат да погледнат во иднината и секој пратеник да гласа според својата воља за сигирност, стабилност и економски прсперитет на земјата. Претходно тој повика и на помирување за настаните за случувањата на 27 април во Собранието минатата година.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…