Home Актуелно Втор бомбашки напад во Багдад, најмалку седум загинати

Втор бомбашки напад во Багдад, најмалку седум загинати

Најмалку седум лица загинаа и околу 30 беа ранети во втор бомбашки напад во Багдад, јави ДПА.

Нападот со автомобил-бомба беше извршен во близина на владин објект во квартот Ал Карх.

Претходно денеска најмалку 13 лица беа убиени во бомбашки напад, извршен повторно со автомобил бомба во багдадскиот кварт Карада.

Најмалку 40 лица беа ранети во тој напад, кој се случил во близина на позната слаткарница. Одговорноста за нападот ја презеде Исламска држава. Се претпоставува дека ИД стои и зад вториот напад.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…