Времето денеска…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во Македонија денеска, четврток, 20. мај, ќе биде променливо облачно и посвежо. Во поголемиот дел од земјата, освен на крајниот југ, ќе има слаб до умерен дожд. Ќе дува умерен до повремено засилен ветер од западен и северозападен правец.

Поради продор на постудена воздушна маса од север, денес и утре ќе биде и ветровито со засилен западен до северозападен ветер најизразен во југозападниот дел од земјата. Во петок ветерот ќе биде северен и особено вдолж поширокото Повардарие ќе има силен интензитет (и над 70 км/час).
Дневните температури денес и утре ќе се пониски за 4 до 7 степени, а значително посвежо ќе биде и во утринските часови утре и во сабота.

Денеска максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 21, Маврово 9, Охрид 15, Битола 22, Крива Паланка 15, Берово 16, Кавадарци 23, Дојран 25 Целзиусови степени.

Утре претпладне времето ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд претежно на истокот. Попладне облачноста ќе се намалува. Во поширокото Повардарие ќе дува силен ветер од северен правец. Дневните температури ќе се движат од 9 до 25 степени.

За време на викендот времето ќе биде сончево и топло со температури од 20 до 30 степени.