Home Актуелно ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА: Променливо облачно со врнежи од дожд

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА: Променливо облачно со врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со засилен северен ветер и значително посвежо. Претпладне ќе има слаб локален дожд. Во текот на денот, односно во попладневните часови врнежите ќе престанат.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северн правец и повремено ќе се засилува. Вредноста на УВ-индексот ќе изнесува 7

Утринската температура ќе се движи од 14 до 21, а дневната од 21 до 28 степена.

Во Скопје предпладне можен е краткотраен локален дожд, а во попладневните часови ќе има намалување на облачноста. Утринската температура ќе се спушти до 16, а највисоката дневна преку денот ќе достигне до 24 степени целзиусови.

Од понеделник времето ќе биде стабилно и суво со постепен пораст на дневната температура, но во рамките на просекот за овој период од годината.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…