Home Актуелно Времето денес сончево и многу топло

Времето денес сончево и многу топло

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Во западните планински делови ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 19 степени, а дневната од 31 до 38 степени. УВ-индексот ќе има вредност 9.

Времето во Скопје ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе достигне до 17 степени, а дневната до 37 степени.

Следува период на претежно сончево и многу топло време. Во понеделник во попладневните часови ќе има појава на локална облачност, а во западните делови и услови за краткотраен дожд со ретки грмежи.

До среда максималната температура ќе биде без позначителни промени (во интервал од 32 до 39 степени). Уште потопло се очекува да биде во втората половина од наредната седмица кога на места максималната температура ќе достигнува 40 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…