Времето денес ќе биде…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Овој септемвриски четврток во Македонија носи променливо облачно време, попладне со повеќе сончеви периоди. Ќе има појава на краткотраен локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната ќе достигне од 19 до 30 Целзиусови степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во делови од Скопската котлина ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне 26 степени. Маврово 19, Охрид 24, Битола 25, Крива Паланка 24, Берово 23, Кавадарци 28, Дојран 30.

Утре ќе има преодно стабилизирање на времето, а тогаш ќе почне да дува и умерен до засилен јужен ветер, кој ќе се задржи и во следните денови. Под влијание на влажен бран во сабота ќе биде облачно со пообилни врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни, проследени со грмежи и силен ветер. Температурата значително ќе се намали. Во недела и понеделник ќе биде променливо облачно и сѐ уште ветровито со појава на локални врнежи од дожд.