Актуелно

Времето денес чести снег на планините

Четврток ќе измине во ветровито и претежно облачно време. Но, северецот кон крајот на денот ќе има тренд на слабеење, а од споменатата облачност ќе провејува слаб снег, но само на планините. Оној снег што ситно ќе провее локално низ котлините е она за кое велиме дека е од лутина. Сончеви периоди ќе има, но нема да траат предолго.

Ветерот и облаците ќе бидат одговорни за нешто повисоката минимална температура. Таа ќе има вредности помеѓу минус 3 и 1 степен Целзиусов низ котлините и околу минус 6 степени на повисоките места.
Максималната вредност пак, ќе има вредност помеѓу 1 и 4 степени низ поголем дел од котлините, на југоисток околу 6°С, додека на повисоките места околу минус 2 степени Целзиусови.

Скопскиот регион очекува претежно облачно и ветровито време. Наутро минималната температура ќе има вредност околу 0 степени, а максималната температура до 4 степени Целзиусови.

To Top