Временска прогноза за третиот февруарски ден


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денеска, 3. февруари, времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во планинските подрачја ќе провејува слаб снег.

Ќе дува засилен ветер од северен правец, особено во источните делови. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 8 Целзиусови степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 7 степени.

До недела ќе се задржи променливо облачно време. Локални врнежи од дожд и снег ќе има во сабота кон крајот на денот и во текот на ноќта. Од понеделник ќе преовладува стабилно време со пораст на дневните температури.