Home Актуелно Временска прогноза за среда, 4 септември

Временска прогноза за среда, 4 септември

Денес, среда, 4 септември, временската прогноза вели дека ќе имаме сончево со мала до умерена облачност.

Попладне облачноста ќе се зголеми, а во западните делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд, со ретки грмежи. Ќе дува умерен ветер од северен правец, попладне вдолж Повардарието ќе се засилува.

Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 33 Целзиусови степени: Скопје 28, Маврово и Охрид 26, Крива Паланка и Берово 27, Битола 30, Кавадарци 32, Дојран 33.

Временската прогноза за утре е сончево со мала до умерена облачност. Во северните делови ќе дува засилен северен ветер кој ќе предизвика намалување на дневните температури: Скопје 27, Маврово 22, Охрид 24, Битола и Кавадарци 32, Крива Паланка 27, Берово 26, Дојран 34.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…