Home Актуелно Временска прогноза за првиот викенд во 2020

Временска прогноза за првиот викенд во 2020

Денес, прва сабота во 2020 година, времето во Македонија претпладне ќе биде сончево, а попладне ќе настапи наоблачување и постепено зголемување на облачноста. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус три до нула, а дневната температура ќе се движи од седум до 14 степени.

Во Скопје претпладне сончево, а попладне облачноста постепено ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе достигне до минус пет, а дневната температура до осум степени.

Под влијание на студена воздушна маса во недела времето ќе биде облачно со засилен северен ветер и повремени врнежи со слаб, а на места умерен интензитет и ќе бидат претежно од снег. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно и студено, со умерен, а во понеделник засилен северен ветер.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…