Home Актуелно Временска прогноза за првиот четврток во 2019

Временска прогноза за првиот четврток во 2019

Денес, четврток, во Македонија ќе преовладува претежно облачно со умерен, повремено засилен северен ветер и со провејување на снег. Во јужните делови ќе има повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет.

Дневните температури ќе се движат од -9 Целзиусови степени во Маврово, -6 во Крива Паланка, Берово и Битола -5, Охрид -4, Скопје и Кавадарци -1 и Дојран 1 степен.

Сончево и студено, со мала до умерена облачност е прогнозата за утре. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. И утре дневните тепмератури главно ќе бидат под нулата – Скопје и Охрид -2, Маврово -9, Берово -5, Крива Паланка -4, Прилеп -3, Кавадарци 0 и Дoјран 2 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…