Временска прогноза за последниот мајски вторник


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Последниот вторник за месец мај во Македонија носи променливо облачно и посвежо време. На повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер.

Максималните дневни температури ќе бидат во Скопје 18 Целзиусови степени, Маврово 11, Охрид 14, Битола 16, Крива Паланка 15, Берово 14, Кавадарци 20, Дојран 21.

И за утре прогнозата е променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Дневните температури ќе се движат од 13 до 23 степени.