Home Актуелно Временска прогноза за денес

Временска прогноза за денес

Во Македонија претпладне ќе биде сончево и топло, од пладневните часови облачноста ќе се зголемува и ќе дува умерен северен ветер, најизразен на североистокот. Во северните делови ќе има услови за локална појава на грмежи проследени со пороен дожд. УВ индексот ќе има вредност 8.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 20, а дневната од 29 до 36 степени.

Во Скопје претпладне сончево, а од пладневните часови облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за појава краткотраен дожд и појава на ретки грмежи. Температурата ќе достигне до 33 степени.

Следува период на претежно стабилно и се потопло време. Дневната температура до сабота ќе биде во постепен пораст, но ќе се задржи во рамките на просекот за овој период од годината. Најтопло ќе биде во сабота со максимална температура до 38 степени на југоистокот од земјава. Во четврток во попладневните часови ќе има локално зголемување на облачноста и услови за појава на краткотраен дожд и ретки грмежи, претежно на северот. Врнежи од дожд со намалување на температурата се очекуваат на крајот од викендот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…