Home Актуелно Временска комбинација од облаци и сонце

Временска комбинација од облаци и сонце

Времето во Македонија денес ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен до засилен северозападен ветер, особено изразен вдолж Повардарието и во источните делови. Во крајните североисточни делови можен е краткотраен дожд.

Дневната температура ќе се движи од 22 до 30 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен до засилен северозападен ветер и дневна температура до 27 степени.

Во наредните денови во поголемиот дел од земјава ќе преовладува стабилно и суво време, до петок ќе биде ветровито со засилен северен ветер. Локално сѐ уште ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.

В сабота времето ќе биде сончево и значително потопло, а од недела попладне и во наредните денови повторно ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално се очекуваат и поинтензивни процеси.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…