Home Вебкафе Вознемирувачко видео: Во живо, на Фејсбук, си го пренесуваше самоубиството

Вознемирувачко видео: Во живо, на Фејсбук, си го пренесуваше самоубиството

Вознемирувачката снимка од самоубиството го прикажува Узун како зборува во камерата, а потоа го зема пиштолот и си пука во глава. Шокираните корисници на социјалната мрежа безуспешно се обидувале да го одвратат од чинот.

Тој на снимката кажува дека решил да се убие бидејќи неговата ќерка не побарала дозвола пред да се сврши: „Вечерва ова го пренесувам во живо и не сакам оние кои ме доведоа до оваа ситуација да бидат на мојот погреб“.

Тој кажал дека за посвршувањето на ќерката дознал во телефонски разговор со жена му. „Никој ништо не ме праша. Не ме третираа како маж“. На крајот на снимката порачал: „Збогум, заминувам, пазете се, се гледаме“.

Портпаролот на Фејсбук за Њујорк тајмс изјави дека компанијата „длабоко жали за трагедијата“ и дека видеото е тргнато од мрежата. Тој порача дека „Фејсбук не промовира самоповредување или самоубиство“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…