Вознемирувачки: Тешко претепан фудбалер на Зенит!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Зенит, Денис Терентјев се здоби со тешки телесни повреди на лицето и главата откако го претепал непознат напаѓач во средата навечер, пренесуваат руските медиуми.

На нападот му претходела расправија околу паркинг место во близина на домот на фудбалерот на Зенит, а судејќи по фотографиите кои Терентјев ги објави на Инстаграм добил сериозен ќотек.

Денис после нападот завршил во болница, а неговата сопруга преку социјалните мрежи порача дека е добро, надвор од животна опасност, но дека не се сеќава на детали и не знае кој го претепал. Апелира сведоците на чинот да се јават и да помогнат да се пронајде напаѓачот.