Возачите од ЈСП Скопје најавија дека излегуваат на штрајк


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Независниот синдикат во ЈСП „Скопје“ најави дека членовите – возачи на градските автобуси од среда ќе протестираат поради малите плати и тешките услови за работа.

Раководството на ЈСП „Скопје“ ги обвини дека се политички мотивирани и оти штрајкот ќе биде на штета на граѓаните.

Велат дека Управниот одбор на 19 април годинава ги прифатил барањата на Независниот синдикат и донел одлука за линеарно зголемување на платите во износ од 2 800 денари.

„Поради ова, ги осудуваме ваквите дејствија и апелираме дека со политички мотивирани манипулации поттикнати од центри на политичка моќ нема да се придонесе кон развој и унапредување на статусот на вработените во ЈСП ‘Скопје’, туку, напротив, ќе доведат до непоправлива штета која негативно ќе влијае врз работните процеси и статусот на вработените во претпријатието, како и за граѓаните воопшто“,

велат од раководството на ЈСП.