Home Актуелно Возач почина откако автомобилот му излета од патот кај Македонски Брод

Возач почина откако автомобилот му излета од патот кај Македонски Брод

Возач го загуби животот во сообраќајна несреќа во близина на Македонски Брод, откако возило марка Голф со кое управувал излетало од патот.

Како што се наведува во полицискиот извештај:

На 27.08.2019 во 18,10 часот било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод – с.Самоков, пред влезот за с.Ковче В.З.(46) од с.Растеш-Македонски Брод, управувајќи патничко моторно возило „голф“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот. По незгодата возачот бил пренесен во Јавната здравствена установа – Македонски Брод, а оттаму во Општата болница – Прилеп, но при транспортот починал. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Македонски Брод. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…