Home Актуелно Во Виена почина економистот Владимир Глигоров, син на поранешниот македонски претседател Киро Глигоров

Во Виена почина економистот Владимир Глигоров, син на поранешниот македонски претседател Киро Глигоров

Вчера, на 27 октомври, во Виена на 78-годишна возраст ненадејно почина познатиот економист и политиколог Владимир Глигоров, син на Киро Глигоров, првиот претседател на Република Македонија, јави МИА од Белград.

Глигоров е роден во Белград каде ги завршил основните и магистерските студии, а докторирал во 1977 година на Универзитетот „Колумбија” во Њујорк.

Работел на Универзитетот во Белград, на Институтот за економски науки, а од 1994 година беше вработен на Виенскиот институт за меѓународни економски студии, каде најмногу се занимавал со Западен Балкан, особено со Македонија, Србија и Црна Гора.

Во своите истражувања особено се занимаваше со долгорочниот раст на земјите во транзиција, макроекономските анализи и финансиските пазари. Глигоров беше постојан соработник на „Oксфорд аналитика”, меѓународна консултантска фирма која обезбедува стратешка анализа на светските настани, пишуваше за „Wall Street Journal” и имаше редовни колумни во неколку дневни весници и неделници во Југоисточна Европа.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…