Home Актуелно Во стравична сообраќајка кај Драчево загинаа пет лица

Во стравична сообраќајка кај Драчево загинаа пет лица

Вчера вечер, кај влезот во скопската населба Драчево, се случи тешка сообраќајна несреќа, во која според првичните неофицијални информации на лице место загинале три лица, а две лица со тешки повреди подоцна починале во скопските клиники.

До несреќата дошло кога се судриле рено5 кампус и камион за собирање на смет. Според неофицијалните информации една од жртвите е девојче. Очевидци изјавуваат дека реното се движело со преголема брзина и изгубило контрола и удрило во камионот. Моментално патот кон Драчево е затворен се врши увид.

На терен е присутна и противпожарна екипа и амбулантни возила. Полицијата навува детали за вечерашната несреќа во текот на утрешниот ден.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…