Home Актуелно Во „социјалистичкиот рај“: Инфлацијата во Венецуела надмина 4.600 отсто од почетокот на годината

Во „социјалистичкиот рај“: Инфлацијата во Венецуела надмина 4.600 отсто од почетокот на годината

Инфлацијата во Венецуела надмина 4.600 проценти од почетокот на годината, соопшти претставник на Националното собрание.

Алфонсо Маркина, член на Комисијата за финансии во Националното собрание, нагласи дека цените во Венецуела се зголемуваат секој ден за 2,8 проценти.

– Од почетокот на годината до крајот на јуни инфлацијата достигна 4.684,3 проценти, а од јуни минатата година досега – загрижувачки 46.305 проценти, посочи Маркина.

Во април венецуелската влада уште еднаш ја зголеми минималната плата. Според експертите од невладините организации, зголемувањето на минималецот се покажало како исклучително несоодветно за снабдување со основните производи.

Мнозина Венецуелци емигрираат поради тешката положба во која се наоѓаат. Над 800.000 граѓани на Венецуела заминале во соседната држава Колумбија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…