Home Актуелно Во СЈО на распит Томе Аџиев – осомничениот во „Моќник“ заедно со Антонијо Милошоски

Во СЈО на распит Томе Аџиев – осомничениот во „Моќник“ заедно со Антонијо Милошоски

Поранешниот претседател на Комисијата за лустрација, Томе Аџиев денес е на распит во СЈО. Тој е повикан во својство на осомничен во рамки на случајот „Моќник“ каде првообвинет е пратеникот на опозицијата, Антонијо Милошоски.

Во овој случај на СЈО, Милошоски се сомничи дека овозможил по ниски цени да биде распродаден државен имот и тоа на негови блиски луѓе. СЈО за ова дело сомничи вкупно 13 лица. Инволвирани покрај Милошоски се и неговиот татко како и градоначалникот на Македонски Брод.

Обвинителката Фатиме Фетаи рече дека тогаш во заблуда бил донесен советот на општината да отуѓи и продаде задружен дом со што била нанесена штета од 50 илјади евра во 2011 година и притоа се направени кривичните дела Измама и Злоупотреба на службената положба и овластувања.

Се претпоставува дека делот со Томе Аџиев е поврзан со бомбата каде Антонијо му нарачува лустрација на неподобен судија од Кичево, Аџиев послушно ја прифаќа нарачката.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…