Во сириски Хомс убиен синот на водачот на Исламската држава


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Во вкрстна огнена престрелка помеѓу припадниците на Исламската држава и сириските воени сили, во сирискиот град Хомс беше убиен синот на лидерот на Исламска држава Абу Бакр ал Багдади, објави синоќа новинаска агенција блиска до терористичката група.

„Синот на калифот, Худајфах ал Бадри, е убиен во операција против Нусајријахот (термин кој групата го користи за силите на режимот на претседател Башар ал Асад) и Русите, во термоцентрала во Хомс“, јави агенцијата Нашир њуз.

Агенцијата објави фотографија од момчето со оружје и облечено во униформа, не наведувајќи детали кога се случило убиството.

Ал Багдади во 2014 прогласи калифат кој опфати делови од Сирија и Ирак. Себеси се смета за наследник на пророкот Мухамед и си ја даде титулата калиф, лидер на муслиманите.

Во јуни Ирак објави дека убил најмалку 45 милитанти на ИСИС при воздушен напад во сирискиот град Хаин, што беше последниот во серијата напади извршени од Багдад.

Војската објави дека ирачки воени авиони Ф-16 целеле состанок на високи функционери на Исламска држава на сириска територија.

Меѓу убиените терористи, како што ги нарекува сириската војска, се наоѓа и портпаролот на шефот на Исламска држава Ал Багдади, но не се наведува кога точно бил извршен нападот.