Во САД неделно без работа остануваат по 5,2 милиони луѓе


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според најновите статистички податоци кои ги објави Министерството за труд на САД, само минатата недела, барања за бенефиции за невработеност имаат поднесено над 5,2 милиони граѓани. Вкупно, во текот на изминатите 4 недели, невработените Американци се зголемени за 22 милиони.

Скоро 10 милиони Американци се регистрирале како невработени во последните 2 недели. Тоа е бројот на работни места создадени во 9,5 години од последната рецесија, пандемијата, коментира Њујорк Тајмс.

Податоците покажуваат како кризата се раширила на секој агол на економијата од хотели и ресторани, преку трговците на мало и производителите, до административците, коментира весникот.