Во просек се сечело или горело по едно дрво на 5 секунди: Земјата во 2022 година ја оштетивме за 4,1 милиони хектари тропска шума


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Планетата Земја во 2022 година човештвото ја оштети за 4,1 милиони хектари недопрена тропска шума, што е еднакво на територијата на Холандија или Швајцарија, објави денеска Светскиот институт за ресурси (WRI).

Според анализата на сателитски податоци собрани од платформата Global Forest Watch (GWF) на овој институт со седиште во Вашингтон, на секои пет секунди по едно дрво се сечело или горело во подрачје со површина на фудбалско игралиште.

Во споредба со 2021 година, тоа е 10 проценти повеќе изгубена вегетација, што е клучно за биолошката разновидност и складирањето на јаглеродот.

Најпогодена земја е Бразил, со 43 отсто од вкупно уништената површина, потоа Конго (13 отсто) и Боливија (девет отсто).

– Губиме една од нашите најефикасни алатки за борба против климатските промени, за заштита на биолошката разновидност и поддршка на здравјето и егзистенцијата на милиони луѓе, рече директорката на GWF, Микаела Вајс.

Тропските шуми уништени во 2022 година ослободиле 2,7 милијарди тони јаглерод диоксид, што е еднакво на годишните емисии на најнаселената земја во светот, Индија.