Home Актуелно Во прилепско Канатларци пронајдено тело на мртов маж

Во прилепско Канатларци пронајдено тело на мртов маж

Во близина на стариот задружен дом во с. Канатларци, вчера, околу 3 часот, во паркирано патничко возило марка Фолксваген Пасат пронајдено е тело на маж со неколку прострелни рани во пределот на градниот кош. Утврдено е дека станува збор за лице родено во 1991 година.

Основното јавно обвинителство Прилеп заедно со увидни екипи на Министерството за внатрешни работи изврши увид на лице место.

Во насока на утврдување на фактите и расветлување на настанот, надлежен јавен обвинител издаде наредби за обдукција на телото на починатиот, за подигање траги и предмети од лице место кои можат да послужат како доказ.

Преземени се и други дејствија за утврдување на причините за смртта на пронајденото лице.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…