Home Актуелно Во Прилеп регистрирани првите два случаи на коронавирус

Во Прилеп регистрирани првите два случаи на коронавирус

Во Прилеп се регистрирани првите два случаи инфицирани од коронавирусот, потврдија од Центарот за јавно здравје од Прилеп.

Според директорката на центарот, Драгица Николоска, заразените се сопружници на возраст преку 60 години и се префрлени на Инфективната клиника во Скопје.

-Сопружниците не биле надвор од земјава, туку нивниот син кој бил на Копаоник, Србија и се вратил пред 10 дена. Се уште нема резултати за него. Сега го собираме материјалот и се проверуваат контактите кои досега ги имале двајцата сопружници и нивниот син, изјави Николоска.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…