Home Актуелно Во пожар во Градежен факултет во Скопје изгореа три кабинети и покривот

Во пожар во Градежен факултет во Скопје изгореа три кабинети и покривот

Три кабинети и покривот од Градежно-архитектонскиот факултет во Скопје изгореа во пожарот што утринава избувна на  на булеварот Партизански.

Пожарот е целосно изгаснат и нема повредени лица. Причините за пожарот сè уште не се познати.

Во моментот кога избувна пожарот, на факултетот траела настава. Студентите, професорите и другиот персонал биле евакуирани на време.

Причинетата материјална штета допрва ќе се утврдува.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…