Home Актуелно Во последните 24 часа регистрирани 24 нови случаи на Ковид-19 во Македонија

Во последните 24 часа регистрирани 24 нови случаи на Ковид-19 во Македонија

Според статистиката на Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, од вчера до денес во Македонија се регистрирани 24 нови случаи на Ковид-19. Оздравени се шест пациенти, а нема пријавено починати лица.

Направени се 4.133 тестирања, а регистрирани се 24 нови случаи на КОВИД-19, и тоа во Скопје 6, во Тетово 5, во Куманово 3, во Прилеп и Кичево по 2, во Битола, Охрид, Струмица, Кочани, Радовиш и Дебар по еден.

Вкупната бројка на дијагностицирани е 156.078.

Регистрирани сe 6 оздравени пациенти од Скопје 4, Тетово и Струмица по еден.

Направени се 4.133 тестови преку: ИЈЗ-59, ЦЈЗ Скопје-38, ЦЈЗ Битола-84, ЦЈЗ Прилеп-39, ЦЈЗ Тетово–20, ЦЈЗ Куманово–25, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-10, Институт за микробиологија–0, Жан Митрев (Филип Втори)-90, Авицена-151, Биотек-119, Систина-59, лабораторија Лаор-516, Синлаб-5, Ремедика-9, Плодност–32, Генеа–12, Никоб лаб-732, ВФВ Медикал-20, Ели Медика-12, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2101.

Досега во земјата се направени вкупно 953.144 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.078 бројката на оздравени пациенти е 150.276, на починати е 5.489, а бројот на активни случаи изнесува 310.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…