Во Охрид се одржува самитот „Отворен Балкан“ – Ковачевски ги пречека Рама, Вучиќ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес во Охрид се одржува самитот „Отворен Балкан“, на кој македонскиот премиер Димитар Ковачевски ги пречека лидерите на балканските земји кои се дел од оваа иницијатива.

Добредојдовте во македонскиот и балкански бисер, Охрид. Иницијативата Отворен балкан е заложба за подобар живот на нашите народи и веќе ги дава првите резултати. Зелената лента на граничните премини ни овозможува полесен проток за продуктите, а наша трајна цел е со овие зелени ленти да се отстрани целосно чекањето на границите, преку елиминирањање на бариерите, преку подобрување на меѓусебната доверба… Со овие зборови премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски, го отвори самитот „Отворен балкан“, пишува Фактор.

Тој посочи дека проектот доби силна поддршка од сите деловни заедници од Западен Балкан за што им се заблагодари и посочи дека ќе бидат потпишани меморандуми за соработка кои ќе придонесат за создавање на еден пазар на труд меѓу трите земји кои се дел од „Отворен балкан“.

– Со создавање на еден пазар на труд се надеваме дека младите ќе останат во регионот, наместо да ни бегаат во странство. Исто така ќе имаме и нова платформа за туризам, со која сакаме на светот да му ги понудиме убавините на трите земји, почнувајќи од плажите во Албанија, селскиот туризам во Србија и езерските и планинските убавини на Македонија – посочи Ковачевски.

Беше најавен и меморандум за соработка меѓу администрацијата, за полесен проток на луѓе и стока, а Ковачевски приликата ја искорити да ги покани останатите земји кои не се дел од проектот за да се вклучат во него.

– Сите во отворен балкан сме уверени дека оваа иницијатива ќе стане се попривлечна. Тука сме со претседателите на Србија и Албанија и поканата важи и за Црна Гора, и отстанува и понатаму за БиХ и Косово, приклучете се за поголем успех за нашите земји и за нашите граѓани – посочи Ковачевски.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ исто така се осврна на иницијативата и на придобивките од неа, .

– Немаме барања, спрема никого, освен да сме пријатели и да сроработуваме во интересот на нашите граѓани. Посебна благодараност на Оливер Вархеј што е тука со нас, на иницијативата за подобар живот на грѓаните на балканот. Сите отанати се добредојдени, па би сакал со суштина да ги пополниме нашите односи, да се договориме како да ги подобриме односите, но и да разгледаме како да си ги подобриме односите на полето на енергетиката, да ги забрзаме сите наши заеднички проекти, забрзување на работните дозволи, да видиме што бараат коморите и што можеме да направиме за нив, за полесен проток на капитал и на луѓе. Горд сум што од иницијативата која ја поведовме, денес веќе покажува резултати, ние мора и треба да се поддржувме едни со други и затоа останува поканата и за останатите земји да се вклучат во оваа иницијатива од која сите ќе имаме бенефит – посочи Вучиќ.

Премиерот на Албанија, Еди Рама исто така се осврна на придобивките за сите земји од регионот од проектите кои се преземаат, но и од потребата сите земји од регионот да се вклучат во неа.