Во огнена престрелка на „Рузвелтова“ загина едно лице, едно е тешко повредено


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ноќеска, околу 1 часот по полноќ, на скопската улица „Рузвелтова“ се случи вооружена престрелка во која, според првичните и засега неофицијалните информации, убиено е едно лице, а едно се бори за живот.

Престрелката во која се пукало од возило се случила пред зградата на СЈО, кога возилото во движење почнало да пука врз сиво возило во кое бил загинатиот.

Изрешетаното возило застанало пред кафулето Галери. Според првичните, непотврдени информации едно лице починало на местото на пукотницата, а едно се бори за живот.

Телото на убиениот и тешко повредениот во престрелката се пренесени на Клиничкиот центар. Се уште не е познат идентитетот на жртвата и напаѓачите.

Наутро се очекуваат повеќе информации од МВР, откако ќе биде завршен увидот на местото.